Актуелно

ВИДЕО: Бајден е лут, упати јавна закана кон талибанците

Американскиот претседател, Џо Бајден, се обрати до јавноста по терористичките напади во Кабул.
Тој вети дека ќе ги „фати“ сторителите на нападот во кој загинаа најмалку 12 американски војници во близина на аеродромот во Кабул, потврдувајќи дека големата цивилна операција за евакуација ќе продолжи до 31 август кога американските сили ќе се повлечат од Авганистан.

Си-ен-ен утрово објави, повикувајќи се на авганистанското Министерство за здравство, дека најмалку 90 луѓе загинале, а 150 се повредени.

„Терористите го нападнаа Кабул вечерва“, рече Бајден на почетокот на своето обраќање.

„ИСИС-К ги одзеде животите на американските војници. Рани многу цивили и многу цивили беа убиени. Убиените американски војници беа херои, херои кои ги спасија животите на другите”, рече Бајден.

Американскиот претседател рече дека нивните срца се скршени.

„Нашите срца болат поради сите жртви. Ние сме лути и нашите срца се скршени”, нагласи тој.

„На оние што го извршија нападот – знаете, ние нема да им простиме, нема да заборавиме, ќе ве ловиме и вие ќе платите“, рече Бајден.

„Мораме да ја завршиме оваа мисија. Терористите нема да нè спречат, ќе продолжиме со евакуација. Наредив напади врз местата на ИСИС-К. Овие терористи нема да победат. Ќе ги спасиме Американците и нашите сојузници. Ќе ги нападнеме терористи кога сакаме, каде сакаме и како сакаме“.

Тој нагласи дека ќе ги повлече сите Американци и сојузници.

„Сите ме контактираа и ми рекоа дека целта е една – а тоа беше да се извлечат што е можно повеќе луѓе од Кабул. Што се однесува до пронаоѓањето на водачите на ИСИС кои го наредија ова, мислиме дека знаеме кои се тие, не сме сигурни и ќе стигнеме до нив без поголеми воени операции“.

„Јас сум одговорен за сè што се случи во последните месеци. Но, знаете како и јас дека поранешниот претседател имаше договор со талибанците да ги повлече сите сили до мај. За возврат, тој доби ветување дека талибанците нема да ги нападнат американските сили. Цврсто стојам зад одлуката за повлекување. Замислете каде ќе бидеме ако кажев на 1 мај дека ќе останеме. Имав само една опција – да испратам повеќе војници да се борат во војната и да ги ризикуваат своите животи за да се обидат да воспостават демократска влада во земја која никогаш во историјата не била обединета и се состои од племиња кои никогаш не се согласиле“, рече Бајден, пренесоа светските медиуми.

На почеток