Коментари

Реакција за кампањата на СДСМ: Да пишеш грижа, на 40 мртви дневно на шака народ е во најмала рака еготрипично, сељачки, недостојно и безобразно

Десетици реакции по социјалните мрежи откако СДСМ ја отпочна кампањата за локалните избори со закупување на билборди. Најсподелуван е билбордот на кои пишува „СДСМ се бори за имунизација“, „ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство. Токму ова беше и причината за реакција на водителката Миа Костова.

„Не, стварно, трет пат прашувам, кој ви ги смислува бе? И плата зима? Прво, поддршка за право на избор не е антиваксерство второ, не сте можеле подобро да го смислите за да не ве видиме веќе. Да пишеш грижа, на 40 мртви дневно на шака народ е во најмала рака еготрипично, сељачки, недостојно и безобразно. Секој ден сте сѐ помизерни или секој ден сте сѐ подалеку од фотељките у кои качувате само килажа и црни бројки“,напиша Костова.

На почеток