Лидерот на ЛДП Горан Милески ја прифати одлуката на партијата да се кандидира на локалните избори за градоначалник на општина Битола.
Тој како што објави на Фејсбук ја доставил кандидатурата.
– Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Не можев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник. Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем терет за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства. Влегувам во трката без никакви притисоци за изборниот резултат. Ќе понудиме проекти, ќе ја претставиме нашата визија за развој на градот и ќе се обидеме да ги убедиме граѓаните да гласаат од срце, а не по наредба – напиша тој на фејсбук.