Комуналните служби на Општина Карпош денеска имаа голема акција за чистење на населбата Козле, на потегот од ООУ „Владо Тасевски“ до Министерството за економија.
„Хигиеничарите ги отстрануваа лисјата од јавните површини, а патем го отстрануваа и погабаритниот отпад: пластика, хартија и стакло. Локалната самоуправа упатува апел до сите граѓани за зголемена грижа за животната средина“, велат од Општина Карпош.