Македонија

Спасовски и Заев ќе се обраќаат од Струмица, продолжуваат митинзите

Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ денеска е во Струмица.

„Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општините Ново Село, Босилово и Василево, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на општина Струмица на градскиот плоштадот во Струмица со почеток во 20.00 часот, каде ќе има и свое обраќање.

Вториот караван денеска ќе биде во општина Куманово, каде потпретседателот Оливер Спасовски ќе се обрати на граѓанска трибина на паркингот пред Соколана во Куманово со почеток во 20.00 часот“, велат од СДСМ.

На почеток