На 28.09.2021 во 17.00 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Д.Ч.(35) од Битола.
При претреси во неговиот дом во Битола и во неговата викенд куќата во с.Карамани, битолско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблети во различни бои, семки од растението канабис и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.