На 27.09.2021 околу 18.00 часот на ул.„Круме Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ја лишиле од слобода Р.М.(32) од Прилеп. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.09.2021 околу 23.35 часот на ул.„Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(45) од Тетово, затоа што кај него бил пронајден хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и подокументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.