Македонија

Во Охрид, Струга и Кичево полицијата им ги испразни џебовите на 48 возачи кои брзо возеле

На  28.09.2021 во периодот од 13 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, полициските службеници регистрирале 48 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено место (Охрид-16, Струга-22, Кичево-10) и 51 надминување на дозволената брзина надвор од населено место (Охрид-20, Струга-11, Кичево-02, Дебар-18). На возачите им се поднесени прекршочни платни налози.

На почеток