Во продолжение, ви го пренесуваме ставот на Богдан Илиевски-Бетмен по смртта на охридскиот градоначалник, Јован Стојаноски:
„Не го знаев човекот, немав ни прилика за то, ама ме потресе веста. Млад, од на нога. Ненадејно. Трагедија.
Вистината е дека сите ние, вакви и онакви, слични и различни, црни и бели, црвени и плави, мојме да се сакаме или да не се сакаме, да се такмичиме чесно или нечесно, да се надмудруваме или да си подметнуваме, да се напаѓаме и да се браниме… И сето то „сроку службе“. А можиме и да го промениме то и – да бидиме љуѓе. И пријатели. Со поштовање едни према други. Па да се такмичиме со идеи, со труд, со еснафлук. Да се критикуваме на фиљан начин, бидејќи целта на сите требит да ни е заедничка и иста. Можит и вака и така. И убо и неубо. Све е предмет на избор.
Све, освен денот кога ќе те потсетит животот дека само во еден случај немаш избор и си апсолутно немоќен. Деној ко овај кои шо те потсеќет колку си дребен како чоек и колку све друго е многу поневажно од сите наши битки, мудрувања, политики и такмичења.
Не го знаев, немав ни прилика за то, ама ми е неизмерно жал шо Охрид изгуби градоначалник, неговото семејство татко, неговите соработници добар пријател.
Бог да го простит Јован Стојаноски.
Сочуство до семејството, пријателите и соработниците“, напиша Богдан Илиевски-Бетмен.