Скопје

Наумоски сред кампања се сликаше во градинката во Волково за да се пофали, која не е готова

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска извршија увид во градежните работи во градинката во Волково.

Изградбата на овој објект влегува во завршна фаза. Визуелно, градинката е со кружен атриум, енергетски ефикасна со модерен систем за загревање и ладење, хоризонтална и вертикална пристапност со надворешен лифт.

-Нашите заложби за проширување на капацитетите на градинките ја доживуваат својата завршница. Пред година и половина од Волково ја стартувавме приказната за изградба на нов објект на градинката „Росица“. Многу посветено и со силна поддршка од централната власт сега може да констатираме дека оваа кружна градинка е во завршна фаза. Овој објект кој очекувам за брзо време да биде пуштен во употреба ќе ги отвори вратите за најмалку 175 деца – рече Наумоски.

Со пуштањето во употреба на градинката, додаде, етапно го решаваме еден од најголемите проблеми – недостигот на просторни услови во градинките. Паралелно, истакна, со ресорното Министерство работевме на проширување на објектот „Детелинка“ со 3 нови занимални. Градежните работи во овој објект со капацитет за 90 деца, информираше Наумоски се во завршна фаза.

-Заедно со мојот тим посветено ги решаваме работите во делот на социјалната инфраструктура преку изградба на два нови објекти – еден во Ново Село и друга градинка во Дексион. Секое згрижено дете е успех за сите – додаде Наумоски.

Градоначалникот ја искористи можноста да упати извинување до родителите кои заради пандемијата, мерките и протоколите кои се на сила не успеаа да ги запишат своите деца во градинка.

Сведоци сме, рече Шахпаска на еден импозантен објект и оргинално архитектонско решение.

-Проектот чини 87 милиони денари за изградба, а дополнителни 6,3 милиони денари за опрема во внатрешноста – информираше министерката.

МТСП во соработка со Светска банка работи на проект за подобрување на социјалните услуги. Дел од овој проект претставува изградбата на 16 градинки.Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска извршија увид во градежните работи во градинката во Волково.
Изградбата на овој објект влегува во завршна фаза. Визуелно, градинката е со кружен атриум, енергетски ефикасна со модерен систем за загревање и ладење, хоризонтална и вертикална пристапност со надворешен лифт.

-Нашите заложби за проширување на капацитетите на градинките ја доживуваат својата завршница. Пред година и половина од Волково ја стартувавме приказната за изградба на нов објект на градинката „Росица“. Многу посветено и со силна поддршка од централната власт сега може да констатираме дека оваа кружна градинка е во завршна фаза. Овој објект кој очекувам за брзо време да биде пуштен во употреба ќе ги отвори вратите за најмалку 175 деца – рече Наумоски.
Со пуштањето во употреба на градинката, додаде, етапно го решаваме еден од најголемите проблеми – недостигот на просторни услови во градинките. Паралелно, истакна, со ресорното Министерство работевме на проширување на објектот „Детелинка“ со 3 нови занимални. Градежните работи во овој објект со капацитет за 90 деца, информираше Наумоски се во завршна фаза.

-Заедно со мојот тим посветено ги решаваме работите во делот на социјалната инфраструктура преку изградба на два нови објекти – еден во Ново Село и друга градинка во Дексион. Секое згрижено дете е успех за сите – додаде Наумоски.

Градоначалникот ја искористи можноста да упати извинување до родителите кои заради пандемијата, мерките и протоколите кои се на сила не успеаа да ги запишат своите деца во градинка.

Сведоци сме, рече Шахпаска на еден импозантен објект и оргинално архитектонско решение.

-Проектот чини 87 милиони денари за изградба, а дополнителни 6,3 милиони денари за опрема во внатрешноста – информираше министерката.

МТСП во соработка со Светска банка работи на проект за подобрување на социјалните услуги. Дел од овој проект претставува изградбата на 16 градинки.

На почеток