Македонија

Заев објави колку пари се вложени во општините

550 милиони вложивме за локални проекти, без општините да имаат обврска да ги враќаат парите, прво со 50 милиони ги раздолживме, а уште со 500 милиони евра ги помогнавме финансиски, порача претседателот Зоран Заев на денешната трибина во Делчево.

„10 милиони евра ваши, народни пари преку централниот буџет ги вложивме овде во Делчево, преку финансирање на проект за Делчево и за овој регион. При тоа, да не заборавиме дека ја качиввме минималната плата од 9.000 на 15.277 денари и тоа фвежно затоа што ја отвори спиралата на раст на сите плати, затоа денеска имаме просечна плата повисока за над 6.000 денари отколку пред четири години“ посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ парите ги насочува кон граѓаните и нивните потреби.

„Наместо во барок, во споменици и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски.

Ние градиме темелно, тие со промашени проекти. Ние планираме капитални проекти за долгорочен развој, тие мачкаат очи со стиропорни фасади кои се распаѓаат. Ова е очигледна разлика и таа разлика треба да ја потврдите на 17 октомври преку глас за бројот 12 глас за Горан Трајковски, глас за СДСМ!“ порача Заев.

На почеток