Свет

Трагедија: Пронајдени трите тела на семејството по кое се трагаше

Телата на Горан, Гордана и Лидија Ѓокиќ се пронајдени изгорени и закопани во атарот на селото Моравац, дознава „Блиц“.

Денеска се пронајдени телата на тричленото семејство Ѓокиќ, при што е утврдено дека тие се убиени, и дека нивните тела се изгорени по злосторството. Обдукцијата ќе утврди како се убиени.

Полицијата рано утрово го пронајде запален автомобил на семејството Ѓокиќ, по кој се трагаше шест дена, а потоа детално го претресе теренот. На оддалеченост од 10 километри во грмушки беа пронајдени телата.

Неофицијално две тела биле покриени со лисја и гранки и чекаа да пристигнат екипите на форензичарите на лице место, за да не бидат случајно оштетени некои докази. Форензичките експерти подоцна го пронашле и трето тело во близина.

Се уште нема официјална потврда дека станува збор за семејството Ѓокиќ, но сите траги укажуваат на тоа.

На почеток