Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.
Со свој став, а во поддршка на велешанката која била жртва на семејно насилство, се јави и Ина многуфина.
„Пале, девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва на семејно насилство и жртва на нефункционалниот систем. Доколку судијата, тој истиот два пати што го суди и го води неосудуван, го осудеше, можеби ќе одеше во затвор. Можеби така веќе и немаше да работи во полиција, можеби, можеби… Мажот, кој евидентно бил насилник, имал целосно право да се чувствува недопирлив, не го судат, не го апсат. Да беше во затвор како што требало да биде, ќе се избегнеше оваа трагедија. Сега, останува да следиме како судот ќе пресуди. Појако треба да се казнат тие што не го заштитиле општеството од насилници врз жени. Условно го пуштиле дека давел жена. Оној од клиника исто условно дека давел жена и и ја трескал главата од ѕид. Па до кога насилниците ќе одат условно? Додека не се осетат семоќни? Мислам ок, давеле жени, голема работа…пушти го да си работи у полиција, некад на жена ќе и треба заштита од некого, он може ќе биде на смена. Осудете го девојчето најблаго што може, животот е пред неа. Нека почне да си го живее“, напиша таа.
