Претставници на повеќе од 100 држави ќе се соберат во Белград, кој денеска и утре е домаќин на Самитот на неврзаните, што се организира по повод 60 години од одржувањето на првата конференција на движењето. Југославија беше еден од основачите на оваа меѓународна организација, која се појави во екот на Студената војна како противтежа на спротивставените блокови предводени од САД и Советски Сојуз.
„Тоа што Белград повторно ќе ги собере неврзаните земји е потврда на угледот на Србија во светот и нашите граѓани треба да бидат горди поради тоа. Ова е можност за сите слободарски земји кои водат своја политика, сакаат да соработуваат и никого не угнетуваат да направат план и програма за иднината и да соработуваат многу подобро“, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Најболната борба е решавањето на прашањето на Косово и Метохија и одбраната на територијалниот интегритет на земјата. И покрај предизвиците, Србија е посветена на компромисот за да се зачува безбедноста во регионот. Дијалогот нема алтернатива, а поддршката од меѓународната заедница е клучна. Србија е почестена што ја игра улогата која ја играше СФРЈ. Горди сме што како воено неутрална земја стремиме кон ЕУ, а истовремено јакнеме на развојот на пријателствата со африканските и азиските земји. Тоа е наше богатство и наша сила“, додаде Вучиќ.