Македонија

Владата си купи 80 компјутери од фирма основана лани

Пред две недели Владата склучи договор за набавка на 40 лаптопи и 40 компјутери, како и компјутерска опрема и сервери, за кои ќе потроши 116.000 евра, пишува Фокус. Договорот е потпишан од генералниот секретар Мухамед Зеќири, а добитник на тендерот е Друштво за компјутерски софтвер, консалтинг, посредување, производство, трговија и услуги ИТ СОЛУТИОН М од Долна Бањица, Гостивар.

Од Владата за „Фокус“ посочуваат дека компјутерите се потребни за вработени во Генералниот секретаријат и во канцеларијата на премиерот.

-Согласно Планот за јавни набавки од 2021 година, а врз основа на барање од надлежниот сектор и одлука за набавка, спроведена е постапка за набавка за информатичка опрема. Компјутерите се потребни за вработените во Генералниот секретаријат и Канцеларијата на Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, ни одговорија од Владата.

Падатоците од Централниот регистар покажуваат дека фирмата која го „лапна“ тендерскиот колач била регистрирана минатата година, поточно во мај 2020 година.

Извор: Фокус

На почеток