„Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиона во банка, дали е тоа причината за која им должи на Заеви, па мора да лаже на пресови? Каевски на само 30 години има сопствен стан за кој што како што навел во анкетниот лист го купил во 2020 година од свои лични пари, и 4 милиони денари во банка. Како успеал Каевски на само 30 години да се стекне со имот од над 125 илјади евра?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Каевски е функционер само 5 години, а платата му е околу 1.000 евра, и целата плата да ја штедел и да не трошел за храна и живеење ќе соберел само 60.000 евра. Од каде му се остатокот од 65.000 евра? Каевски треба сериозно да одговори од каде му се парите. А институциите да не молчат и да постапат веднаш. А, за крадење струја нека си го праша таткото на шефот свој Панче Заев, кој е правосилно осуден за кражба на струја“, додаваат оттаму.