Македонија

СДСМ го покани Максим на митигнот во Куманово: Повели вечер да видиш што е најдоброто

СДСМ преку објава на нивната страница на „Фејсбук“ го покани независниот кандидат Максим Димитриевски на нивниот денешен митинг во Куманово. Ваква покана добива бидејќи тој сам се кандидираше на изборите, откако СДСМ до последен момент не го објавуваше кандидатот за овој град, по што се скараа меѓусебно.

„Повели Максим, вечерва од 20.00 часот на плоштадот во Куманово да видиш што е величествен град, величествен настан, да видиш што е горд кумановски и македонски народ. Повели Максим да чуеш како ечи #НАЈДОБРОТО. Што се однесува до твојата лажна загриженост за привремено остранета канделабра на кумановскиот плоштад, за што пишуваш на фејсбук, НАЈДОБРОТО ти порачува – после величествениот настан истата ќе биде на своето место, а после победата на Оливер Илиевски нашето Куманово ќе добие и многу многу повеќе од тоа: ✅Модерен плоштад и шеталиште. ✅Подземни сообраќајници и паркиралиште. ✅Нов партерно уреден кеј. ✅Две нови градинки. ✅Реконстриуиран градски стадион. ✅Обновена Спортска сала. ✅Комплетно зазеленување на градот. ✅Вело парк. ✅4 затворени спортски игралишта. 👉И тоа не е се! Повели Максим вечер да чуеш што е најдоброто за Куманово!“, напишаа од СДСМ.

Засега, нема став од Димитриевски дали ќе отиде на митингот.

На почеток