Македонија

Сопругата ја тепал со каиш, кон ќерка си посегнал со нож – семејно насилство во Гостивар

Обвинителството бара притвор за 43-годишен гостиварец поради семејно насилство.

Синоќа околу 22:30 часот, во домот во кој живеел со сопругата и ќерката, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди. Тој барал пари, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени, се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди. Нападот го спречил нивен роднина.

Осомничениот неколкупати праќал и пораки на мобилниот телефон на ќерка си со закани дека ќе ја обеси и ќе ги заколи неа и нејзината мајка.

Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи псотојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

На почеток