Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК набави 4000 терминали.
Но, граѓаните на социјалните мрежи сведочат за негативното искуство со овие уреди.
Ова како намерно ништо не фукционира, за да се вратиме да не гласаме или што е работата? Чекам 40 мин и пак пред мене има 8 луѓе.Фингерпринтовите не им работат хаос во Ајродром 😡😡
— Marija (@Maja00914095) October 17, 2021
Фингер принт пола не работат.
Гужва хаос— Шодер (@Shoeder006) October 17, 2021
Не ви работат читачите на показалци !!!
— Rumpelstiltskin (@Milaceski) October 17, 2021
Знаев дека ќе има угурсуси со ова апаративе за отпечатоци ама дотолку не мислев, ужассссс, секаде се пријавуваат проблеми, не ги вчитува отпечатоците а со тоа немаат дозвола за гласање и граѓаните гневни се враќаат дома. Хаотитис😬
— 🍀 (@tea_cup_it) October 17, 2021
„Гласав, но морам да напишам дека апаратите за идентификација ‘фингерпринт’ се чиста глупост и пари фрлени. Голем дел од гласачите не ги идентификува со отисок, па дури и со користење на лична карта во самиот апарат, како што беше и во мојот случај и, на крај, одобрено ми беше гласање со отисок од прст на самиот список. Така што, пак ќе кажам – огромни пари фрлени“, е еден од коментарите на фејсбук.
Даштевски на првата прес-конференција посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.
– Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму, вели Даштевски кој посочи дека вакво известување добиле сите општински изборни комисии.
