Македонија

Заев поднесе оставка од СДСМ и Владата

Зоран Заев поднесе оставка од претседателското место во СДСМ и премиерското место во Владата.

„Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегреирана Северна Македонија. Ја преземам одговорноста. Им честитам на сите избрани градоначалници и советници. Воопшто не е тешко заминувањето од политиката. Сум донел слбоода и демократија во нашата земја, тоа значи и преземање на одговорност. Сакам да оставам печат народот да се учи и расте во демократски капацитет. Можеби не сум во право, ќе покаже времето, ред е граѓаните да поддржуваат политичари кои можат да носат тешки и храбри одлучи, без да се водат од политичкиот рејтинг или за својата фотеља. Јас ја преземам одговорноста за лошите резултати“, кажа Заев.

Тој остана на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.

„Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност, затоа што мнозинството од народот го избраа оние кои сакаа да убиваат во парламентот“, додаде Заев.

На почеток