Македонија

Пратениците се злоупотребени, обзнани Митрески од СДСМ, кој вели дека потпишаните за ново мнозинство даваат поддршка на СДСМ

Јован Миртрески, координатор на пратениците од СДСМ тврди дека сите пратеници дел од мнозинството го демантираат ВМРО-ДПМНЕ дека има ново мнозинство во Собранието. Ова доаѓа по прес-конференцијата на претседателот Христијан Мицкоски кој поажа 61 потпис пред медиумите.

„Како координатор сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок. Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста. Од друга страна, добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени. Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, напиша Митрески.

На почеток