Македонија

Осудата од Али Ахмети за Дардишта е за поздравување, вели Ангелов

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, денес ја поздрави осудата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на функционерката Шкодране Дардишта.

– Вчерашната реакција на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е за поздрав, откако ја осуди изјавата на Шкодране, која е распалувачка и повикувачка на војна, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој вчера на социјалните мрежи објави и статус преку кој и порача на Дардишта да го намали „патриотско” доживување, бидејќи обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не им се допаѓа, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија.

На почеток