Македонија

РЕК Битола наместо да произведува и државата да продава скапа струја, ЕЛЕМ увезува пет пати поскапо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

РЕК Битола наместо да произведува и државата да продава скапа струја, ЕЛЕМ увезува пет пати поскапо, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Доколку Владата знаеше како да управува со енергетските капацитети на државата, сега наместо да купуваме скапа струја ќе продававме, но Заев ги испразни хидроакумулациите, не копаше јаглен во РЕК Битола, РЕК Осломеј го оставија на забот на времето, ТЕЦ Неготино не е подготвен.

Струјата која што сега се купува оди и до 250 евра по мегават. Тоа е екстремно скапо, и тој товар паѓа на народот, преку чии пари се плаќа. Доколку парите кои сега се даваат за скап увоз се искористеа за инвестиции, сега сликата ќе беше друга, а државата можеше и да извезува струја.

Наместо инвестиции, власта се насочи на крадење, местење на тендери и рекетирање во РЕК Битола и енергетските претпријатија. Со оваа власт, не може да биде подобро, може да биде само полошо. Затоа е потребно СДСМ да си замине“ додаваат од партијата.

На почеток