Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, освен со лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, денеска остварил средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од ДУИ потврдуваат дека Ахмети Мицкоски се сретнале, додавајќи дека средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“
„Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќате или не? Новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори“, велат од ДУИ.
Средбата за „Слободен печат“ ја потврдуваат и во ВМРО-ДПМНЕ.