Утринава е сончево. На крајниот југоисток утринава има појава на дожд и тоа во Гевгелија и Дојран. Наутро понекаде по котлините со појава на магла.
Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има зголемена ниска облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, наутро магливо, а преку денот сончево со променлива облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.