Едногласно со 95 гласа „За“ e изгласан Законот за амнестија во Собранието.
Пред гласањето, пратеникот Илија Димовски од собраниската говорница изјави дека тој ќе го поддржи законот заедно со пратеникот Панчо Минов.
За време на гласањето не пристуствуваа пратениците од Алијанса на Албанците.
Со овој закон ќе бидат осолободени од вина дел од осомничените, обвинетите за настаните на 27 април. Амнестијата нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.