Матеничарски: Изводот од лиценца е 3000 денари, не знам зошто превозникот не побарал
Јован Матеничарски од здружението на транспортери „Легис“, во емисијата „24 анализа“ изјави дека за фирмите доволно е да имаат возачи, со сертификати за меѓународен превоз.
-Изводот од лиценца не е многу скап, околу 3000 денари. Не знам зошто превозникот не побара извод од лиценца. Ако има лиценца, изводи ќе може да земе за колку сака возила. Нема ограничувања. Единствено треба да имаат толку возачи за колку ќе побара изводи од лиценца, рече Матеничарски.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вчера информираше дека фирмата „Беса Транс“ немала извод од лиценца и поради тоа, покрената е постапка за одземање на лиценцата за превоз на патници во внатрешен и меѓународен сообраќај.