Актуелно

Се огласи Нора Шаќири: Работев согласно закон, решението за разрешување е неосновано

На социјалнаите мрежи се огласи разрешената директорка на Театар комедија, Нора Шакири.

Вели дека за време на своето директорување го издигнала и подобрила работењето на театарот, а разрешена е поради постапка против вработен, кој без образложение и денови заминал на патување, за што и ја прифатил казната, но потоа испратил анонимна пријава за мобинг.

„Почитувани другари, имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена.

НИКОЈ НЕ Е РОДЕН ДИРЕКТОР не сум ни јас, но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист..ЈАС БЕВ СПРЕМНА И ТЕАТАР КОМЕДИЈА СЕ ИЗДИГНА НАД СИТЕ ЦРНИ ОБЛАЦИ КОИ ГО НАДВЈАСАА

Ќе бидам кратка и јасна : Како директор поведов дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати.

По анонимна пријава за мобинг пратена до Заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот Љупчо Николовски во театарот дојде вонреден инспелциски надзор односно Државниот инспекторат за труд кој донесе записник во кој се наведува дека ИНСПЕКТОРОТ НА ТРУД НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ИНСПЕКЦИСКА МЕРКА врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган. Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен.

Она што е моја гордост е тоа дека работев согласно закон, дека ја имам безресервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот.

Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас

ГОРДА СУМ НА СЕ ДО СЕГА НАПРАВЕНО

ГОРДА СУМ НА ТОА ДЕКА КОНЕЧНО ВО ТЕАТАРОТ СЕ ВРАТИ КОМУНИКАЦИЈАТА, РАЗБИРАЊЕТО И ПОЧИТТА МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ

Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение..

Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме ТЕАТАР КОМЕДИЈА ВО ПОЛН СЈАЈ

Во театар комедија се ширеше љубов, а не омраза

Ви благодарам и на останатите за поддршката“, стои во објавата.

На почеток