Актуелно

Нора Шаќири разрешена, актерката Магдалена Ризова ќе биде директорка на „Театар комедија“

По скоро десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар Комедија. Ова доаѓа пет дена откако таа беше пријавена за мобинг односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите, не беа споделени со јавноста. На нејзино место, за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот.

„Мнистерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката на НУ Театар Комедија-Скопје, Нора Шаќири Марковиќ, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.
Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес. За нов в.д. директор на НУ Театар Комедија е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот“, велат од Министерство за култура

На почеток