Македонија

Техничкиот преглед на изгорениот автобус не укажал дека има недостатоци

Роднина на 45 патник, односно детето кое беше пронајдено изгорено во автобусот во текот на денешниот ден, дал биолошки материјал за да се направи ДНК анализа. Тоа е направено директно во Софија, по што е почнато со правење анализи. За автобусот, Оливер Спасовски, кажа дека е произведен во 2007 година.

„Согласно техничкиот преглед, нема отстапки или укажувања за неисправност на возилото. Возилото е производно во 2007 година. Против ‘Беса транс’ има четири кривични пријави во 2020 и уште толку во 2021 за непочитување на ковид протоколи“, рече Спасовски.

Тимови на МВР сеуште се во Бугарија за помош на тамошните колеги за истрагата.

На почеток