Актуелно

(ВИДЕО) Страшна бура во Британија, ветер од 158 километри на час, има загинати

Силни ветришта, дожд и снег донесе бурата Арвен која синоќа зафати делови од Велика Британија, јавуваат британските медиуми.

Во бурата загинале две лица откако врз нив паднале дрвја. Во Антим најпрво загинал директор на училиште откако врз неговиот автомобил паднало дрво, а подоцна полицијата во Кумрија соопштила дека загинал и уште деден маж од Ланкастер откако врз него паднало дрво.

Лоша е состојбата и во Шкотска, каде што повеќе од 100.000 луѓе останаа без струја, а ветерот достигнувал брзина од 158 километри на час.

„Ударите на ветар во текот на ноќта погодија голем дел од Обединетото Кралство, при што дојде до оштетување на зградите, а паѓаа и стебла“, соопштија од Бирото за метеорологија.

На почеток