Македонија

Али Ахмети, Амди Бајрам, Антонио Милшоски и уште тројца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестијата

Вкупно 17 пратеници не го искористија своето право на глас на вчерашната собраниска седница на која со 95 гласа и ниту еден против беше изгласан Законот за амнестија, со кој ќе се спасат од одговорност голем дел од обвинетите за упадот во Собранието, пишува ФОКУС.

Меѓу овие 17 пратеници четворица се од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Од таму се уште нема објаснување зошто на вчерашната седница дел од нивните пратеници не гласаа согласно партискиот став.

Меѓу вмровските пратеници кои не гласаа се Антонио Милошоски, Лилјана Затуроска, Дафина Стојаноска и Благица Ласовска.

Одбил да гласа и пратеникот од ЛДП, Горан Милевски, кој го најави тоа при неговиот реизбор за лидер на партијата.

Меѓу оние што не гласаа се Амди Бајрам и Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците.

Од ДУИ освен претседателот Али Ахмети, за амнестијата не гласаше ниту пратеникот Џеват Адеми.

Не гласаа ниту пратениците на БЕСА, Африм Гаши, Теута Биљали, Фадил Зендели, Реџеп Мемеди, Неџбедин Карамани.

А своето право на глас не го искористи ниту пратеничката на ДПА Мерал Ферати Узеири.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток