„Министерското место во здравство го бара неуаптен во хаосот или поради лукративни причини“, реакција од доктор по преговорите со Алтернатива
Од
Објавено на
По веста дека Алтернатива сака да го добие министерското место во Министерството за здравство, со реакција излезе докторот Ненад Лазаров. Тој смета дека човекот што ќе менаџира со здравството треба да има авторитет меѓу колегите, а не политичка партија да стои зад него.
„Ако веќе менувате, напрајте тајно гласање меѓу персонал во здравство кој да биде следен министер, ако сакате и мали шанси нешто да се помрдне, ликот мора да има авторитет од внатре, политичкиот е небитен. Не се пазарете со таа фотеља, со животи си играте. По мене, таа фотеља би ја барал или целосно неупатен за хаосот или со строго лукративни мотиви, друг нормален никој“, напиша Лазаров.