Македонија

(ФОТО) Градоначалникот на Теарце со предлог за ново знаме на Македонија

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани денеска објави фотографии на неговиот Фејсбук профил, на кои има знаме со двоглав орел комбиниран со актуелното знаме на Македонија со неколку направени промени. Тој на фотографиите е заедно со Конер Андерсон од Америка, кој во последните две години придонесува во општина Теарце со конкретни проекти преку Мировниот корпус.

„На 19 декември 2018 година, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, оствари прошталната средба со американскиот волонтер, Конер Андерсон.

Г-динот Андерсон е стациониран во администрацијата на општина Теарце и за период од две години придонесуваше со конкретни проекти во корист на сите граѓани на Општина Теарце преку Мировниот корпус. Ние сме благодарни за заедничката работа направена досега.

Г-дин Андерсон не почести со предлог за знаме за сите граѓани на Република Македонија, како треба да изгледа знамето на Република Македонија.

Останува на јавноста да оцени.Општина Теарце, стои во Фејсбук статусот на градоначалнкот на општина Теарце.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток