Македонија

21 декември, неработен за граѓаните од турската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 21 декември 2021 година (вторник), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница.

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.

На почеток