Македонија

„Криминалот ја тужи правдата!“, реагира Алијанса откако Таравари доби тужба

„Не може да се покрие криминалот и скандалот што ја опфати ДУИ со неоснована тужба против Арбен Таравари.
Мислевме дека денеска отидоа во Обвинителството да го остварат своето влијание за да се открие криминалот со 100 килограми дрога што беа запленети пред неколку дена, каде што сите показатели водат до лидерите на режимот ДУИ-СДСМ-Мијалков. За да се исчистат себе си, треба да се занимаваат со оваа тема, а не да се обидуваат да се спасат со трчање кај нивните „бабуши“ во обвинителството за да поднесат тужба против Таравари. Не е Таравари виновен за нивните криминали“, реагираат Алијанса на Албанците.

„Го прашуваме гостиварскиот „баш пеливан“, дали ќе ве спаси истиот обвинител кој го спаси Зоки Кичеец од одговорност за убиството на младото момче од Гостивар и не бевте толку ентузијасти да го решите овој случај, како што денес сте ентузиасти за прикривање на скандалот со 100 килограми дрога, иако ова не е прво кривично дело што ги поврзува луѓето од ДУИ со криминал, дрога, легални и нелегални казина. Што се однесува до ликот на Таравари, граѓаните ви го покажаа местото 4 пати по ред. Добро е ДУИ во Гостивар, поточно она што остана од ДУИ Гостивар да рефлектира, да се исчисти од криминалот и да почне да прави вистинска опозиција за доброто на граѓаните“, додаваат тие.

На почеток