Свет

Казна од 2000 евра за пушење на плажа во Шпанија

Шпанија усвои закон кој ќе им овозможи на локалните власти да забранат пушење на плажите и да ги казнуваат оние кои не го почитуваат законот со парична казна од 2.000 евра.

Законот, кој беше усвоен во шпанскиот Сенат, на локалните општини ќе им даде овластување да забранат пушење на плажата со цел да се намали загадувањето од отпушоците.

Мерката, воведена како амандман од Партијата на зелените, следи по владината препорака општините да ги промовираат плажите како зони за непушачи.

Други мерки опфатени со законот вклучуваат забрана на пластика за еднократна употреб и враќање на амбалажата како шишиња во продавниците.

Премиерот Педро Санчез постави цели Шпанија да стане јаглеродно неутрална до 2050 година и ја направи заштитата на животната средина клучна карактеристика на политиките на неговата влада.

Некои плажи воведоа забрана за пушење минатото лето за да го ограничат ширењето на коронавирусот, да го подобрат здравјето и да го намалат загадувањето.

Пушењето во затворени простории беше забрането во Шпанија уште пред избувнувањето на корона вирусот.

Други региони во Европа исто така го забранија пушењето на плажите, вклучително и некои области на јужна Франција и Сардинија.

На почеток