Скопје

Се асфалтираат улици во Колонија

Попладнево, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи уиид на градежните работи за асфалтирање на крак од улицата 1 во населено место Колонија.
За посетата на Колонија, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

“Обновата на Гази Баба станува реалност!
Попладнево бев на увид на градежните работи за асфалтирање на крак од улица 1 во населено место Колонија. Кракот е во должина од 220 метри.
Во Гази Баба нема да има заборавени населени места. Секаде ќе инвестираме.
Со денешното асфалтирање во изминатите 60тина дена од мојот мандат на територија на општина Гази Баба се асфалтирани локални улици во должина од над 2000 метри” – напиша Стефковски.

На почеток