Македонија

За 25.6 отсто намален бројот на склучени бракови

Намален e бројот на склучени и на разведени бракови во Maкедонија.

Ова може да се забележи од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика.  Бројот на склучените бракови лани, во споредба со претходната година, е намален за 25,6 отсто и изнесува 10.278. Најмногу бракови, односно 1.423 или 13,8 отсто биле склучени во август, а најмалку во април – 162 или 1,6 отсто. Најголем број бракови – 3 380 или 32,9 отсто кај жените се случиле на возраст од 20 до 24 години, додека кај мажите од 3.780 бракови или 36,8 проценти во брак стапиле на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29,7 години за младоженецот.

На почеток