Македонија

102 возачи Новата година ја дочекаа со казни

На 01.01.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 39 санкции, 23 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се три мерки за минување на црвено светло, две мерки за некористење сигурносен појас, две мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, две мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

На почеток