Драма на скопскиот аеродром, едно лице уапсено, кај друго најдени куршуми
Од
Објавено на
На 02.01.2022 во 08.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Д.Н.(39) од Струга e со мерка „апси“, по наредба од Основен суд Струга. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправната установа Затвор Струга.
На 03.01.2022 во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, по извршена контрола во багажот кај С.Е.П.(45) од САД биле пронајдени три куршуми и една чаура од испукан куршум. Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.