Коментари

Груевски: Заминаа двајца пријатели, нека почиваат во мир

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи се прости од поранешниот колега Марјан Додовски, но и од Никола Вељановски, активист на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заминаа двајца пријатели…
Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти а најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога. Подоцна беше и мој соработник како директор на Еврокомпозити-Прилеп и беше неуморен борец, интелектуалец, пријатен соговорник и патриот.
Сочуство до семејството и најблиските.
Бог да го прости.
Нека почива во мир.
Деновиве имаше уште една тажна вест за тоа дека починал и Никола Вељановски, познат како Коле Бикчето, еден од најмаркантните активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, голем патриот и неуморен во сите партиски активности од основањето на партија и секогаш подготвен да биде на браникот на татковината.
Никола беше харизматичен и несекојдневен човек чие присуство некаде неможеше а да не биде забележано.
Сочуство до семејството и најблиските.
Бог да го прости.
Нека почива во мир“, напиша Груевски.

На почеток