Актуелно

Димитров отвори фронт и со Ковачевски: Не се разбира од надворешна политика

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров пред новинарите го искритикува и мандатарот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека лидерот на СДСМ и иден премиер, не се разбирал од надворешна полтиика. Димитров кажа и дека нема целосна доверба во новата Влада, а особено во делот наа преговорите со Бугарија.

„Мене идниот премиер никогаш не ми бил шеф. И не сум сигурен дека бил во позиција да ја следи мојата работа и да биде во тек со сите напори кои ги имам направено во изминатиот период. Тој нема искуство и знаење во делот на надворешната политика. Наш општ шеф е народот и тој ја дава својата оценка на избори. Јас бев еднаш на избори како носител на листа и победив. Ќе има други избори, можеби ќе бидам дел од нив и таа оценка ќе ја чекам. Меѓутоа, би рекол, непристојно е да се зборува за резултати од мојата работа во последниве четири години и седум месеци, кога сите знаеме дека најголемите успеси беа во областа на надворешната политика. Јас и во поголемиот дел од тие четири години и седум месеци како министер за надворешни работи и како вицепремиер за европски прашања од 1 година и четири месеци вклучен во европската дипломатија, го имав главниот збор токму во оваа област“, додаде Димитров.

На почеток