Денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла каде што ќе се биде и постудено. Ќе дува поизразен западен ветер во западните делови од земјата. Утринските темеператури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени, а дневните од 5 до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облечно, со сончеви периоди, а максималната дневна температура ќе се искачи до 5 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.