Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична пријава за Зечевиќ

Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од КОВИД тестирањето на Зечевиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.

Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона.

Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини.

Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на Зечевиќ“, се вели во соопштнеието.

На почеток