Коментари

Кај и да е ќе почнат да се правдаат дека бифтекот на путер е со оној со поминат рок на Љупче, вели Затарковски

Иљче Затарковски на социјалните мрежи ги искоментира најновите информации за гоштевањата на државна сметка.

„Тие што врескаа на бифтеците и гоштевањата на Грујовци, сега откако излегоа нивните гоштевања, бараат да се слушнела и втората страна, па да се имало предвид колку луѓе биле на гозбите… Кај и да е ќе почнат да се правдаат дека бифтекот на путер е со оној со поминат рок, шо го фати Љупче.

А бе колку сте исти, неизживеани и ситни души, ко близначиња. Само се надевам ќе ѝ текнит еден ден на оваа стокава шо ве гласат дека 30 години се плукате по медиуми со нарачани текстови, па ќе си се смените на фотељите и не преземате ништо за тие пред вас, дури и им ги штитите криминалите, пошо од истите шеми и вие ќе си лапате пари.

Одвратни опортунисти“, стои во објавата.

На почеток