Актуелно

„Осомничениот кабел за пожарот во кој изгореа 14 луѓе ќе добие адвокат?“, Најчевска ги повика Хелсиншки и шарните

Професорката Мирјана Најчевска на сатиричен начин ја искоментира причината за пожарот во тетовската модуларна болница и тоа што никој нема да понесе одговорност бидејќи продолжен кабел е виновен за несреќата.

„Добро, ова кабелот кој е осомничен за пожарот во кој изгореа 14 луѓе, ќе добие соодветна одбрана или ќе го оставиме така сам да се брани. Кај е Хелсиншки, кај се шарените да застанат во одбрана на правата на каблите неосновано обвинети за убиство на 14 луѓе“, прашува Најчевска.

Дефибрилатор бил приклучен на продолжен кабел и додека лекарите се обидувале да реанимираат пациентка , кабелот се загреал а потоа предизвикал спој во кутијата на продолжниот кабел на кој бил приклучен. Ова го покажа истрагата на Обвинителството, а го потврди германскиот извештај.

Од обвинителството соопштија дека анализирани биле трагите на оштетувањата од пожарот, динамиката на ширење и оштетувањата на инвентарот и просторот заедно со изјавите на очевидци за да се добие комплетната слика.

Пожарот избувнал во собата каде што лекарите реанимирале 21 годишна девојка. Дефибрилаторот кој го користеле бил приклучен на продолжен кабел.

На почеток