Актуелно

Во Тетово: Само во една година, 244 лица не работеле ништо, сега ќе ги враќаат земените плати

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами веднаш по преземањето на функцијата најави дека ќе ги преиспита сите договори за дело кои ги направила претходната власт. Најавената проверка е направена, па вчера беше објавен списокот на сите лица кои имале склучено ваков договор во 2021. На објавениот список има вкупно 811 договори склучени со 544 лица заклучно со септември.

„Станува збор за вкупно 544 лица, од кои 250 лица донеле извештај за сработеното согласно договорите, додека 244 лица немаат донесено извештај. Буџетот на Општината е оштетен за над 7 милиони денари. Вреди да се напомене дека на лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на Општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави“, се вели во соопштението од Општина Тетово.

На почеток