Свет

Русија со протестна нота до американското воено аташе

Министерството за одбрана на Русија повика на разговор меѓу американското воено аташе во врска со инцидентот во Пацификот, кога американската подморница влезе во територијалните води на Русија и врачи протестна нота.

Военото аташе во американската амбасада во Москва беше покането на интервју во Министерството за одбрана бидејќи американската подморница ја наруши државната граница на Русија“, се вели во соопштението.

Во протестната нота се истакнува дека потегот на американската подморница се смета за грубо кршење на нормите на меѓународното право и дека провокативните активности создале закана за националната безбедност на Русија, пренесува Спутник.

Руското министерство инсистира на тоа дека САД се обврзани да преземат мерки за да не се повтори вакво нешто во иднина, а Москва го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки во нејзините територијални води за да ја обезбеди безбедноста на Русија.

Претходно беше објавено дека подморница на американската морнарица од типот „Вирџинија“ денеска е забележана во територијалните води на Русија во областа на Курилскиот остров Уруп.

Како што беше прецизирано, руската Пацифичка флота одржала планирани воени вежби на тоа подрачје.

На почеток