Скопје

(ФОТО) Продолжува менувањето на оштетената урбана опрема

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активностите за менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници. Изминатите денови се отстрануваше оштетена урбана опрема од булеварите Илинден, Гоце Делчев, како и на улиците 11 Октомври и Кочо Рацин.

„На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите. На истите локации ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.

Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период на повеќе градски сообраќајници“, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток